Мартин најбрз на Силверстоун: Втора пол-позиција за Шпанецот - Маркез дури шести!
Шпанецот беше најбрз во квалификациите на патеката „Силверстоун“, каде што оствари време од 1:56,160 минути и стигна до својата втора пол-позиција сезонава. Најголем конкурент му беше Раул Фернандез од Трекхаус, кој заостана само 0,021 секунди и ќе стартува од втората позиција. Комплетната прва стартна линија ја заокружи уште еден возач на Трекхаус, Аи Огура, кој имаше 0,189 секунди послабо време од Мартин.
Актуелниот светски шампион Марк Маркез со Дукати не успеа да се вмеша во борбата за пол-позицијата и квалификациите ги заврши на шестото место. Спринт-трката за Големата награда на Велика Британија ќе се вози денеска од 17 часот, додека главната трка на „Силверстоун“ е закажана за утре од 14 часот.
Мартин е лидер во генералниот пласман со 208 бода, пред Огура со 194 и Маркез со 190 бода.
ФОТО: X / @sport