Арсенал и Ливерпул во „војна“ поради фудбалер вреден 69 милиони евра

Летниот преоден рок носи нова трансфер приказна во која Арсенал и Ливерпул се борат за фудбалерот на Астон Вила, Езри Конса чија вредност е проценета на 69 милиони евра.

Арсенал веќе подолго време го следи дефанзивецот на Астон вила, меѓутоа нема да биде лесна борбата за неговиот потпис затоа што и Ливерпул е подготвен да испрати понуда.

Двете екипи сакаат да ја засилат одбраната за следната сезона во која повторно ќе имаат големи амбиции, односно Арсенал ја брани титулата, а Ливерпул сака да се врати на врвот.

Конса игра за Астон вила од 2019 година, а претходно настапуваше за Брентфорд и Чарлтон.

Фото: Facebook/Arsenal