Сѐ е подготвено за 54. издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга

Денеска беше одржана прес-конференција по повод 54. издание на традиционалниот меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“ кој ќе се одржи од 12 до 15 август на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга.

Министерот за спорт, Борко Ристовски и Ракометната федерација на Македонија изразија поддршка за турнирот кој се игра крај Охридското езеро.

„Струшкиот турнир претставува историја за македонскиот спорт, за македонскиот ракомет, но и историја за Струга и Македонија. Ние секогаш со задоволство ќе го поддржуваме и ќе биде покровители и ќе помагаме во било која форма. Верувам дека турнирот ќе расте, а ние ќе настојуваме игралиштето конечно да се реконструира и овој турнир да биде налик на тој во Добој“, рече  министерот Борко Ристовски.

И оваа година турнирот ќе има шест учесници поделени во две групи со по три екипи. Во групата А е актуелниот македонски шампион Вардар, Бутел и Прилеп. Во групата Б се бранителот на трофејот, Охрид, домаќинот Струга и Дубочица Лесковац.