Фиорентина се пофали, „кралот“ Мастантуоно ќе игра во Фиренца! (ВИДЕО)
Двата клуба денеска објавија дека аргентинскиот фудбалер се пресели во Фиорентина на позајмица.
„Реал Мадрид и Фиорентина се договорија за позајмица на фудбалерот Франко Мастантуоно до крајот на сезоната, 30. јуни, 2027“, стои во соопштението на Реал Мадрид.
Фиорентина направи и промотивни видеа за потврда на трансферот.