Мурињо лично се вклучил во преговорите за новиот договор на Винисиус!

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, притиска Винисиус Жуниор да потпише нов договор со кралскиот клуб.

Откако стана јасно дека тешко се одвиваат преговорите меѓу двете страни, Жозе Мурињо лично се вклучил да помогне Винисиус и Реал да си подадат рака.

Португалецот разговарал и со двете страни и им кажал дека Винисиус ќе има централно место во неговите планови.

Мурињо го гледа Бразилецот како екстремно важен дел од неговиот проект и тој очајно посакува Вини да остане на Бернабеу.

Последните информации велат дека работите се придвижуваат во позитивна насока и во Реал Мадрид владее оптимизам дека Винисиус може да стави потпис на нов договор.