Агонијата продолжува: Алкараз се откажа од уште еден голем турнир
Алкараз е надвор од натпреварувачки ритам уште од април, кога се повреди на турнирот во Барселона. Поради истата повреда ги пропушти Ролан Гарос и Вимблдон, а сега ќе го прескокне и турнирот во Синсинати, каде што минатата година ја освои титулата. Со тоа, шпанскиот ас ќе остане без можност да ги брани бодовите освоени во 2025 година, што може да влијае и на неговиот пласман на АТП-листата.
Организаторите на турнирот му посакаа брзо закрепнување, истакнувајќи дека се надеваат повторно да го видат на терените што е можно поскоро. Во меѓувреме, останува неизвесно дали Алкараз ќе биде подготвен за настап на последниот Грен слем турнир во сезоната – УС Опен. Според неговиот тим, приоритет е целосно да се санира повредата, наместо да се брза со враќањето и да се ризикува нова пауза.