Арбелоа ги доби двете засилувања од Реал Мадрид!

Фулам и официјално го потврди ангажманот на Гонзало Гарсија и Цезар Паласиос кои доаѓаат од Реал Мадрид.

Новиот тренер на Фулам, Алваро Арбелоа, имаше желба да го види Гарсија во својот тим. Клубот му ја оствари.

„Клубот со задоволство може да го потврди потпишувањето со Гонзало Гарсија од Реал Мадрид. 22-годишниот фудбалер потпиша петгодишен договор, со опција за уште една сезона“, стои во соопштението на Фулам.

Медиумите тврдат дека Фулам на Реал Мадрид ќе му плати фиксна сума од 40 милиони евра, плус два милиони во бонуси. Реал Мадрид ќе добие и 30 проценти од следната продажба.

Веднаш по Гарсија, Фулам го потврди и ангажманот на Цезар Паласио. 21-годишниот фудбалер исто така потпиша петгодишен договор со опција за уште една сезона.

Англискиот клуб за Паласио плаќа 10 милиони евра плус 30 проценти од следната продажба.