Депај има необични барања за да потпише нов договор со Коринтијанс!

Бразилските медиуми откриваат што бара Мемфис Депај за да стави потпис на нов договор со Коринтијанс.

Покрај стандардните барања како плата, Холанѓанецот има некои побарувања кои не се баш типични.

Тој сака приватен бокс на стадионот на Коринтијанс.

Сака дозвола да го користи стадионот максимум два дена во кои ќе организира негови настани.

Бара и 50 проценти од приходот за него од тие два настани.

Сака и процент од комплетната парична награда ако Коринтијанс го освои светското клупско првенство во 2029 година, без разлика дали тој ќе биде во клубот тогаш или не.

Фото: ФБ/Коринтијанс