Ново засилување за Тиквеш: Октај Ракипи пристигна во Кавадарци
Младиот фудбалер пристигнува во Кавадарци откако претходно го напушти словенечкиот клуб Јесенице.
„Млад, амбициозен и технички поткован играч, Октај доаѓа во Кавадарци подготвен да даде сè за црвено-белиот дрес. Неговата енергија, работна етика и желба за напредок совршено се вклопуваат во визијата што ја градиме. Веруваме дека ова е само почеток на едно успешно заедничко поглавје“, објави Тиквеш.
Ракипи претходно во кариерата играше и за Беса, Шкендија, Гостивар и Борец.
Фото: ГФК Тиквеш