Серафимов и Левски против АЕК ако стигнат до плејофот за Лигата на шампионите
Единствен македонски претставник во квалификациите за елитното натпреварување е репрезентативецот Никола Серафимов кој со својот Левски добро чекори засега и веќе обезбеди европска есен. Прашање е само дали бугарскиот првак ќе игра во лигашкиот дел од ЛШ или во некое од другите две натпреварувања.
Оваа и идната недела Левски го очекува двомеч со казахстанскиот Каират, а ако излезе како победник од него, во плејофот ќе се сретне со грчкиот АЕК. Атинскиот тим е еден од најсилните во квалификациите и многумина веќе го гледаат како сигурен учесник во главната фаза од Лигата на шампионите.
Уште два клуба од овие простори се борат за пласман во ЛШ. Динамо ако успее да го помине литванскиот Кауно Жалгирис ќе се сретне со Викинг од Норвешка, а Црвена Звезда, ако биде подобра од Хапоел Бер Шева од Израел, за противник ќе го има победникот од двомечот меѓу Архус од Данска и сабах од Азербејџан.
Потенцијални плејоф двојки:
Левски Софија / Каират – АЕК
Селтик – ЛАСК
Динамо Загреб/Жалгирис - Викинг
Мјалби/Слован Братислава - Арарат/Цеље
Хапоел Бер Шева/Црвена звезда - Архус/Сабах
Фенербахче/Штурм Грац - Спарта Прага/Лион
Олимпијакос/НЕЦ - Унион Сен Жилоаз/БодоГлимт
Натпреварите од плејоф рундата ќе се играат на 18/19 и 25/26 август, а победниците ќе обезбедат место во лигашката фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2026/27.