Динамо Загреб пред големо засилување: Пристигнува талент од ПСЖ
Станува збор за 19-годишен француски фудбалер кој важи за еден од најперспективните производи на академијата на ПСЖ. Иако за него интерес покажуваше и португалска Виторија Гимараеш, Нсоки ја избрал понудата на Динамо, убеден дека во Загреб ќе добие поголема шанса за развој и настапи во сениорскиот фудбал.
Според информациите, Динамо испратил почетна понуда до ПСЖ, но францускиот клуб бара повисока сума за трансферот. И покрај тоа, преговорите продолжуваат и во Загреб владее оптимизам дека договорот ќе биде финализиран во наредните денови.
Доколку трансферот се реализира, Нсоки ќе биде уште едно значајно засилување за Динамо во пресрет на новата сезона и настапите на домашната и европската сцена.