Монако, Салцбург и Брајтон меѓу можните ривали на Шкендија во плејофот за КЛ!

Екипата на Шкендија ги дозна потенцијалните противници за плеј-оф рундата од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, пред денешната ждрепка која ќе се одржи од во Нион (14 часот).

Тетовци најпрво ќе мора да го елиминираат шкотски Хибернијан во третото квалификациско коло, а доколку успеат во тоа, ќе бидат на само еден чекор од нов пласман во групната фаза на третото по ранг европско клупско натпреварување. УЕФА веќе ја скрати листата на можни противници, а Шкендија ќе има исклучително тешка задача, бидејќи ќе биде меѓу неносителите во ждрепката.

Меѓу потенцијалните ривали се францускиот великан Монако и англискиот премиерлигаш Брајтон. Во можниот барабан се и дански Митјиланд, доколку го елиминира ирски Бохемијанс, австриски Салцбург, ако биде поуспешен од кипарски Пафос, како и победникот од двомечот меѓу шведски Гетеборг и белгиски Гент.

Плеј-оф натпреварите за пласман во групната фаза на Конференциската лига ќе се играат на 20 и 27 август, но пред тоа Шкендија ја очекува сериозен предизвик против Хибернијан, во битката за место во последната квалификациска рунда.