Македонија ја прегази Италија за прв триумф на ЕП во Белград!
Кадетите на Македонија ја контролираа играта на стартот, но потоа следеше пад во играта кој го искористи Италија за да израмни на 13-13. Сепак, македонските ракометари во финишот на првото полувреме постигнаа четири голови по ред за 17-13 на паузата.
Македонија ја контролираше играта во вториот дел и постојано ја зголемуваше предноста до конечни 33-23. Најефикасен во победничкиот тим беше Бобан Поповски со девет голови.
Нашите ракометари следниот натпревар го играат против Турција на 4 август од 12 часот.
Фото: РФМ