Барса остана без пријателски натпревар поради необична причина - ривалот немал играчи

Шпанскиот шампион Барселона нема да го одигра закажаниот пријателски натпревар против англискиот Престон, откако дуелот беше откажан поради недостиг на играчи во противничкиот тим.

Контролниот меч требаше да се одигра зад затворени врати во тренинг-центарот „Сент Џорџ Парк“ во Англија, но Престон останал без доволен број фудбалери од првиот состав. Англискиот клуб предложил наместо тоа Барселона да игра против младинската екипа, но каталонскиот гигант ја одбил таа можност.

Место натпревар, избраниците на Ханси Флик ќе одржат редовен тренинг, а според шпанските медиуми постои можност експедицијата на Барселона и порано од планираното да се врати во Шпанија.

Барселона пред неколку дена ремизираше 2-2 против Бирмингем Сити, по што загуби на пенали, а следниот предизвик ја очекува на 8 август, кога ќе настапи на мини-турнир во Удине заедно со Нотингем Форест и Удинезе. Натпреварите на тој турнир ќе се играат во траење од по 45 минути.