Младеновски му даде гол на Хајдук, Вараждин победи во драматичен меч! (ВИДЕО)
По мирното прво полувреме, големи возбудувања се случуваа во вториот дел.
Младеновски во игра влезе на полувремето, а само осум минути подоцна погоди со глава за водство од 1-0.
Три минути подоцна Хајдук израмни преку Покшташ, но брзо Мамиќ го врати водството на Вараждин на 2-1.
Во 90. минута Хајдук имаше голема шанса да се спаси од пораз, но Ливаја промаши пенал.