Хибернијан не покажа ништо пред мечот со Шкендија - пораз на домашен терен!

Хибернијан со пораз од Мадервел од 1-2 ја почна новата сезона во најдобрата шкотска лига, следен меч им е дуелот со Шкендија во Конференциската лига.

Шкендија може да биде задоволна од она што го виде денеска од Хибернијан, шкотскиот тим одигра просечен натпревар против Мадервел и загуби на домашен терен. Пораз кој може да влијае негативно на нивната самодоверба пред мечот со македонскиот противник.

Хибернијан губеше со 0-1 по првото полувреме. По десет минути со гол од пенал на Бојл израмнија на 1-1.

По дадениот погодок ги имаа своите најдобри минути кога се редеа шанси пред голот на Мадервел. Но, откако тоа стивна, гостите постигнаа уште еден гол и дојдоа до победата.

Првиот меч меѓу Хибернијан и Шкендија е во четврток во Шкотска со почеток од 21 часот.