„Кралевите“ ремизираа со Фиорентина, Мурињо во свој стил: Ова беше Реал со три лица
Иако „кралевите“ испуштија предност од два гола, португалскиот стратег беше задоволен од прикажаното и истакна дека видел три различни изданија на својот тим.
„Ми се допадна сè. Кога влегов во соблекувалната, на телефонот видов наслов дека Реал бил тим со две лица. Всушност, ова беше Реал со три лица – свеж, уморен и преморен. Свежиот тим играше многу добро и резултатот од 2-1 на полувремето беше премалку според прикажаното. Во вториот дел натпреварот стана многу пофизички против типичен италијански противник. Ми се допадна и лицето на преморениот тим, кој и покрај заморот успеа да ја контролира играта. Дамфрис и Ендрик тренираа само три дена, а одиграа повеќе од 70 минути. Тоа беше фантастичен напор“, изјави Мурињо кој ги испофали своите фудбалери, но сепак бесен го напушти теренот и не се поздрави со никого поради играта во второто полувреме..
Тој потоа се осврна и на тактичките замисли, како и на кадровските проблеми со кои се соочува во подготовките.
„Ова е Реал Мадрид со играчите што моментално ги имаме на располагање. Им кажав на фудбалерите дека Реал секогаш мора да игра за победа, дури и на пријателски натпревар. Не се подготвуваме само за еден меч, туку за целата сезона. Жоан и Марио имаат фантастична иднина и денеска покажаа голем квалитет. Од седумте играчи што ги имавме на располагање, двајца тренираа само три дена, а Еспи имаше едвај еден тренинг. Сепак, ми помогна многу. Би сакал да имам уште три недели работа со остатокот од тимот, а наскоро ќе ни се приклучат Винисиус, Бернардо и Браим“, додаде португалскиот тренер.
До почетокот на новата сезона во Ла Лига, Реал ќе одигра уште три пријателски натпревари: против Ференцварош на 8 август, Ла Коруња на 12 август и Шалке на 16 август.