Ракометот не видел вакво нешто: Еден тим даде 83 голови на меч од СП!
100 голови на еден натпревар, а уште поимпресивно е дека дури 83 од нив се на една екипа.
Ракометарките на Египет до 18 години немаа милост за своите противнички, ја полнеа мрежата до врв постигнувајќи голови на секои 45 секунди.
Резултатот во првото полувреме беше 43-9, а во вториот дел египетските ракометарки дадоа уште 40 голови за конечни 83-17.