Французин си го продал трофејот од СП за 54.000 евра (ФОТО)

Поранешниот француски репрезентативец, 32-годишниот Бенјамин Менди ја продал репликата на трофејот од Светското првенство (СП) во 2018 година, откако како член на „триколорите“ стана светски шампион.

Фудбалерот од продажбата заработи 54.000 евра, а станува збор за пехар кој го добива секој играч заедно со медалите.

„Ми пречеше во ормарот. Имам многу трофеи што можам да ги продадам“, посочи Менди по продажбата.