Салах добил понуда каква што не се одбива од Турција

Репрезентативецот на Египет, Мохамед Салах наскоро треба да добие нов предизвик во кариерата, откако на негова адреса пристигнала понуда каква што не се одбива од Турција.

Турските медиуми објавија дека претставници на Трабзонспор разговарале со искусниот фубдалер и му понудиле двегодишен договор со плата од 17 милиони евра годишно.

Доколку ја прифати понудата, Салах ќе стане втор најплатен фудбалер во турскиот шампионат, по Виктор Осимен кој заработува 21 милион евра годишно.

Фото: Facebook/Liverpool