Арсенал сака шампионски преоден рок - две мега засилувања!

Топчиите откако ја освоија Премиер лигата, сега сакаат да остават печат и во летниот преоден рок, Артета сонува за две големи засилувања.

Тоа се Бруно Гимараеш од Њукасл и Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.

Бруно Гимараеш е реална цел, некои медиуми пишуваат дека трансферот е веќе договорен и тоа е една од причините за заминувањето на тренерот Еди Хау.

Наводно Арсенал ќе плати 77 милиони фунти, а договорот предвидува и одредени бонуси во зависност од настапите и успесите на фудбалерот.

Мисијата за Винисиус ќе биде потешка. Неговата ситуација во Реал Мадрид е нејасна. Тој не сака да го потпише новиот договор кој му го нуди клубот.

Реал Мадрид сака да го продаде Винисиус за да не го загуби беспари следното лето. Но, она што не се знае засега е ставот на Бразилецот, дали би прифатил продажба.

Арсенал будно ја следи ситуацијата и подготвен е да реагира.