Имран Фетаи замина од Шкендија!

Дефанзивецот од Шкендија и македонски репрезентативец, Имран Фетаи кариерата ја продолжува во Динамо Букурешт.

Тетовскиот тим потврди дека Динамо Букурешт ја активирал откупната клаузула на дефанзивецот која ја имал во договорот со Шкендија.

„Шкендија објавува дека Имран Фетаи преминува во ФК Динамо Букурешт, откако романскиот клуб ја активираше клаузулата за трансфер предвидена во договорот“, соопштија од тетовскиот клуб.

Во Шкендија му се заблагодарија на Фетаи за сè што направи во дресот на клубот и му посакаа многу успех во новата средина.

Според „Трансфермаркт“, сумата која Динамо Букурешт ја платил за Фетаи е 150.000 евра.