Нов потпис во „Градски парк“, Работнички го задржа Лука Петровски!

Кошаркарскиот клуб Работнички информираше дека ја продолжи соработката со Лука Петровски кои и следната сезона ќе ги брани боите на тимот од Градски парк.

Лука Петровски во Работнички пристигна на половина од минатата сезона, дојде од Чаир, а со прикажаните игри заработи нов договор.

„КК Работнички АД Скопје со задоволство ја известува јавноста и сите љубители на клубот дека Лука Петровски го продолжи договорот и ќе ги брани боите на Работнички и во претстојната сезона“, стои во дел од соопштението на КК Работнички.