Малдини за Барези: Што ќе правиме без нашиот капитен!?

Италијанскиот фудбал се простува од Франко Барези кој почина на 66-годишна возраст, еден од најемотивните беше Паоло Малдини.

Заедничко за Барези и Малдини е тоа што целите свои кариери ги минаа во Милан, двајцата играа заедно. Барези беше капитен, а кога се пензионираше лентата му ја предаде на Малдини.

„Денеска се чувствувам исто како кога, од било која причина, не можеше да излезеш на теренот покрај нас: што ќе правиме без нашиот капитен?“, напиша Малдини и продолжи:

„Ме научи да се борам до последен здив, ме научи што значи да се биде лојален на дресот, да се биде верен, да се биде вистински лидер. Го правеше тоа со пример, секој ден, малку зборови, но безброј дела“.

„Ме штитеше како дете, ме водеше како момче и ме инспирираше како маж. Беше најдобриот играч со кого некогаш сум имал чест да играм“.

„Топла прегратка до целото ваше семејство, особено до твојата сопруга Маура и твоите синови, Едоардо и Џанадреа“.

„Ќе ни недостасуваш капитене. Но, светлината на вашата ѕвезда ќе продолжи да нè придружува засекогаш“.