Тер Штеген се сели во Ајакс, Барселона ќе плаќа 90% од неговата плата

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген е пред заминување од Барселона, откако каталонските медиуми објавија дека е постигнат целосен договор за негов трансфер во редовите на Ајакс.

Според информациите, преговорите успешно завршиле откако биле решени даночните прашања и биле надминати несогласувањата меѓу двата клуба, со што конечно е деблокирана реализацијата на трансферот. Тер Штеген ќе се пресели во Амстердам на едногодишна позајмица, а Барселона ќе продолжи да покрива дури 90 проценти од неговата плата за време на престојот во холандскиот гигант.

Iскусниот германски чувар на мрежата веќе го напушти кампот на Барселона во Бирмингем и отпатува во Холандија, каде што ќе ги заврши последните формалности пред официјалната промоција во дресот на Ајакс.

За утре се закажани лекарски прегледи и ако нема никакви проблеми, Тер Штеген ќе биде претставен како нов голман на поранешниот европски шампион.