Хаос во Ливерпул: Ѕвезди се скарале по натпреварот со Врексам! (ВИДЕО)

Ливерпул одигра пријателски натпревар против Врексам, но играта падна во втор план поради караницата меѓу Куртис Џонс и Доминик Собослаи, а набрзо во хаосот се вклучил и Костас Цимикас.

Засега не е позната причината поради жестоката караница меѓу фудбалерите, но на инцидентот му претходеше ситуација кога Собослаи при излегување од игра му ја предаде капитенската лента на Цимикас наместо на Џонс.