Челси избегна одземање на бодови, но ќе плати жестока казна! (ФОТО)

Англискиот гигант Челси доби парична казна од 11,7 милиони евра и условна забрана за ангажирање на фудбалери во два преодни рокови поради кршење на финансискиот фер-плеј во ерата на поранешниот сопственик Роман Абрамович.

Клубот од „Стемфорд бриџ“ беше под истрага, а санкциите следеа откако Челси беше обвинет за кршење на дури 74 правила.

Независната регулаторна комисија најпрво го казнила клубот со одземање на шест бодови, но по жалбата на Челси одлуката е укината.

Наместо одземање на бодови, Челси ќе плати парична казна, а има и забрана за регистрација на фудбалери во два преодни рока, која е условна до 30 јуни 2027 година, односно истата би станала активна доколку клубот прекрши дел од условите.

Фото: Chelsea FC