Нова епизода од „војната“ во Шпанија, Атлетико ја пријавил Барса

Атлетико Мадрид ја пријавил Барселона до Шпанската фудбалска федерација поради недозволен пристап кон нивниот напаѓач Хулијан Алварез (26), објави „Атлетик“.

Во пријавата се наведува дека каталонскиот клуб ги прекршил етичките правила во односите меѓу клубовите. Од Барселона, пак, најавиле дека ќе поднесат жалба на ваквиот потег.

Алварез има важечки договор со Атлетико Мадрид до 2030 година, но ова лето се најде во центарот на трансфер шпекулациите во Ла Лига. Ситуацијата дополнително се искомплицира откако за време на Светското клупско првенство изјави пред новинарите дека сака да го напушти „Метрополитано“.

„Атлетик“ уште во мај објави дека Барселона преговара со Атлетико за трансферот на 26-годишниот аргентински напаѓач и дека подготвува официјална понуда вредна околу 100 милиони евра.

Незадоволството на Атлетико тогаш беше изразено уште следниот ден, кога клубот на социјалните мрежи објави неколку монтирани фотографии со фудбалери на Барселона во нивниот дрес додавајќи порака:

„Не верувајте во сè што ќе видите, особено ако е поврзано со Барса.“

Останува сега до крајот на летото да се види каков крај ќе имаа оваа сапу