Екс-голман на Арсенал со 400 натпревари во Премиер лигата ја заврши кариерата
Полјакот се повлекува од фудбалот на 41-годишна возраст, по речиси две децении минати на терените во најсилната англиска лига.
Во Англија пристигна во 2007 година од Легија Варшава, кога потпиша договор со Арсенал. По периодот во Лондон, кариерата ја продолжи во Свонси, каде четири сезони беше стандарден прв голман.
Од 2018 година настапуваше за Вест Хем и остана важен дел од лондонскиот клуб сè до последниот ден од својата кариера.
Фабијански запиша точно 400 настапи во Премиер лигата, додека дресот на полската репрезентација го носеше цели 15 години и забележа 57 настапи.