Oсимен се налути на Галатасарај: Три месеци сум без плата! (ВИДЕО)

Во период кога со преселба во Турција се поврзуваат звучни имиња за големи суми, Виктор Осимен јавно зборуваше за проблеми во Галатасарај.

Имено, голгетерот преку Инстаграм испрати критики до челниците на турскиот гигант, порачувајќи дека дури три месеци не земал плата.

„Три месеци не сум земал плата, ако јас не бев никој немаше да знае за Галатасарај. Ако не ми плататите, заминувам. Неблагодарни луѓе“, луто порача Осимен.

Токму во овие денови Галатасарај се поврзува со засилување во нападот и тоа од Реал Мадрид, бидејќи наводно се водат преговори со Брахим Дијаз од Реал Мадрид.

Осимен во последната сезона на 33 натпревари за Галатасарај постигна 22 гола и подели осум асистенции.