Винисиус сака да остане во Реал Мадрид, ги намалил барањата за новиот договор!
Винисиус има уште една година од актуелниот договор со Реал Мадрид, па ситуацијата е исклучително комплицирана.
Реал Мадрид сака или договорот да биде продолжен или Бразилецот да биде продаден.
Ситуацијата будно ја следи Арсенал кој е подготвен да реагира со понуда за Винисиус.
Сепак последните информации велат дека Винисус сака нов договор и годишна плата од околу 20 милиони евра.
Според сегашниот договор тој оваа сезона би имал плата од 18 милиони евра, па неговите барања стануваат реални.
Поголема плата од два милиони евра не би требало да биде проблем за клуб како Реал Мадрид.