Инфантино со писмо до Аргентина: Вашиот настап го направи Мундијалот незаборавен
Во писмото, Инфантино истакнува дека Мундијалот бил вистински празник на фудбалот, исполнет со спектакуларни натпревари, нови таленти и незаборавна атмосфера, додавајќи дека одличните игри на Аргентина биле важен дел од тој успех. Тој упати честитки до играчите, селекторот Лионел Скалони, стручниот штаб и навивачите, посакувајќи им уште многу успеси во иднина.
Писмото се појави во јавноста само неколку дена по финалето, иако станува збор за протоколарен гест што ФИФА го испратила и до другите репрезентации кои освоија медал на Светското првенство. Сепак, неговата содржина предизвика големо внимание, особено по бројните контроверзии што ја следеа Аргентина за време и по завршувањето на турнирот.