Реал не се откажува: Подготвува нова понуда за Диоманде!

Реал Мадрид е решен по секоја цена да го доведе големиот талент Јан Диоманде и веќе подготвува нова, значително подобрена понуда до Лајпциг, откако првата беше експресно одбиена.

Според шпанските медиуми, „кралевите“ веќе постигнале договор со 19-годишниот крилен напаѓач околу личните услови, а сега останува да најдат заеднички јазик и со германскиот клуб. За таа цел, Реал е подготвен да ја зголеми понудата на околу 115 до 120 милиони евра, додека Лајпциг не сака да преговара за сума помала од својата проценка.

Диоманде е еден од најбараните млади фудбалери во Европа по одличната сезона во Бундеслигата и настапите за Брегот на Слоновата Коска на Светското првенство. Покрај Реал, интерес за него покажуваат и ПСЖ, Ливерпул, Арсенал и Манчестер сити, но мадридскиот гигант е решен да не дозволи да му избега уште една голема ѕвезда.