ПСЖ му го „краде“ Родри на Реал: Европскиот шампион тргна по ѕвездата на Манчестер сити
Според повеќе медиуми, клубот од Париз веќе стапил во контакт со Манчестер сити за да ја испита можноста за ангажман на шпанскиот репрезентативец, кој влегува во последната година од договорот со англискиот шампион.
Реал Мадрид долго време важеше за главен фаворит за потписот на Родри, а се тврди дека веќе има договор со играчот околу личните услови. Сепак, вклучувањето на ПСЖ може сериозно да ја искомплицира ситуацијата, особено ако францускиот гигант испрати финансиски попримамлива понуда.
Манчестер сити и натаму сака да го задржи еден од своите најважни фудбалери, но преговорите за продолжување на соработката засега не носат резултат, што ги охрабрува заинтересираните клубови да се обидат да го реализираат спектакуларниот трансфер.