Пелистер реконструкцијата ја почна со враќање на свој поранешен кошаркар

Екипата на Пелистер со доведувањето на Благој Димитриев ја започна најавената реконструкција за претстојната сеозна.

Клубот неодамна го презема Тане Спасев, а сега беше промовирано и првото засилување, а за 26-годишниот кошаркар ова е враќање во клубот каде што настапуваше пред неколку сезона.

Во Битола доаѓа од Тиквеш каде што ја помина последната година, а во кариерата беше дел уште од екипите на Ангели и Струмица.