Пелистер реконструкцијата ја почна со враќање на свој поранешен кошаркар
Клубот неодамна го презема Тане Спасев, а сега беше промовирано и првото засилување, а за 26-годишниот кошаркар ова е враќање во клубот каде што настапуваше пред неколку сезона.
Во Битола доаѓа од Тиквеш каде што ја помина последната година, а во кариерата беше дел уште од екипите на Ангели и Струмица.