Роналдо добил нова идеја, не сака да биде само фудбалер во Ал Наср

Кристијано Роналдо му поставил услов на својот клуб Ал Наср доколку сака да ја продолжи соработката и наводно сака да има влијание во работата на клубот околу трансферите.

Според информациите на медиумите, Роналдо бара спортскиот сектор, кој го предводат Симеу и Семедо, да добие целосна независност и сите овластувања поврзани со трансферите.

Целта како што се наведува е да се спречи какво било мешање од раководството кое би можело да го забави создавањето на нов тим за претстојната сезона.

Ова барање е дел од стратегијата за летниот преоден рок, а идејата е одлуките за доаѓања и заминувања на играчи да се носат исклучиво врз основа на стручни проценки.

Ќе потсетиме, Роналдо потпиша договор со Ал Наср на крајот од декември 2022 година.