Најави ли Паредес збогување на Меси со Аргентина?! (ВИДЕО)

Финалето на Светското првенство можеби беше и последен натпревар во кариерата на Лионел Меси во дресот на репрезентацијата на Аргентина.

Алармот помеѓу аргентинските навивачи го вклучи Леандро Паредес кој смета дека Меси веќе ја донел одлуката, иако не потврдува, сепак може да се заклучи дека најавува повлекување на Меси од репрезентацијата.

„Мислам дека тој веќе донел одлука. Се надевам дека не е така и дека ќе продолжи да игра, но одлуката е негова. Што и да го прави него среќен, ќе нè направи среќни и нас“, изјави Паредес.

Самиот Меси досега по завршувањето на Мундијалот каде што играше во одлична форма и беше помеѓу најдобрите на турнирот не зборувал за својата иднина.