Сѐ можело да биде поинаку: Меси можел да заигра и за најголемиот ривал на Аргентина

Тригодишно истражување на историчарот Фјоренцо Сантини откри изненадувачки детали за потеклото на Лионел Меси, според неговите информации потеклото на Меси од страната на неговата мајка е од Бразил.

Имено  еден од неговите прадедовци е роден во 1904 година во Рибеирао Прето, град во бразилската сојузна држава Сао Паоло. Станува збор за Федерико Кучитини, прадедо на Меси и дедо на неговата мајка, Селија Марија Кучитини.

Семејството Кучитини пристигнало во Бразил од Италија кон крајот на 19 век. Прапрадедото на Меси, Ранијеро Кучитини, е роден во италијанскиот град Сан Северино Марке, а во 1899 година заедно со сопругата Роза се преселил во Бразил. Таму работел како земјоделец на една фарма во внатрешноста на државата Сао Паоло.

Во Бразил им се родиле ќерката Ерминија во 1900 година и синот Федерико на 27 јануари 1904 година.

Подоцна семејството се преселило во Аргентина, во градот Росарио, каде што е роден Меси.

Иако Меси е Аргентинец по националност бидејќи е роден во Аргентина, неговото потекло е бразилско-италијанско. Тоа значи дека, според своите корени, легендарниот фудбалер имал право да настапува и за репрезентациите на Бразил или Италија, а не само за Аргентина.