Aрсенал би можел да го има трансферот на летото - Винисиус Жуниор!

Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал би можел да се обиде да го доведе Винисиус Жуниор доколку бразилскиот фудбалер не стави потпис на нов договор со Реал Мадрид.

Според „Атлетик“, интересот на актуелниот англиски шампион сè уште е далеку до договор меѓу двете страни.

Истиот извор наведува дека засега нема разговори меѓу двата клуба, но идејата за ангажман на Винисиус е одобрена на сите нивоа во Арсенал.

Бразилецот влезе во последната година од договорот со Реал Мадрид, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу неговата иднина, а денеска се појавија и информации за проблем и несогласувања на двете страни околу финансиите.

Во досегашната кариера за првиот тим на Реал Мадрид, Винисиус постигна вкупно 128 голови во сите официјални натпреварувања.