Бразилка доби петгодишна суспензија - шутираше противничка во глава! (ВИДЕО)
За време на натпреварот меѓу екипите РДЈ Спорт и РСН кој се одигра на 22 јули, дојде до физичка пресметка по еден дуел на теренот.
Фудбалерката на РСН со број 10 најпрво ја соборила противничката на паркетот, а потоа, додека таа лежеше на земја, ја удираше со нога во главата. Во обид да ја смири ситуацијата, друга футбалерка исто така била нападната и добила удар во лицето.
Во конфликтот потоа се вклучиле и членовите на стручните штабови на двете екипи, кои успеале да ја совладаат агресивната фудбалерка по што натпреварот беше прекинат и регистриран со 1-0 во корист на РДЈ Спорт.
Градските власти на Еузебио соопштија дека футсал лигата, по разгледувањето на извештаите од службените лица, ја изрекла максималната дисциплинска мерка и ја суспендирала играчката од сите натпреварувања под нејзина организација во следните пет години.
Jogadora agride adversárias com chutes e socos campeonato de futsal feminino no Ceará.
— LIBERTA DEPRE (@liberta___depre) July 25, 2026
A violência ocorreu na quarta (22), no duelo entre o RDJ Sport e RSN (As Resenhas), em ginásio poliesportivo na cidade da região metropolitana de Fortaleza.
A agressão ocorreu no segundo… pic.twitter.com/dGKIl7kACA