Клоп на претставувањето се закани: Ако ми го направите тоа, заминувам веднаш!

Јирген Клоп денеска официјално беше претставен како нов селектор на германската фудбалска репрезентација, а на првата прес-конференција испрати јасна порака до новинарите.

Клоп потпиша договор до завршувањето на Мундијалот во 2030 година, но веднаш порача дека нема да толерира навреди и непочитување.

„Не ја прифатив оваа работа поради себе, туку поради сите вас. Се решив за овој предизвик иако видов како се однесувавте кон Јулијан Нагелсман и Томас Тухел“, им порача Клоп на новинарите.

Новиот селектор на Германија беше дециден дека неговиот мандат може да заврши во секој момент доколку почувствува дека е премината границата.

„Денот кога повеќе нема да ме сакате, само кажете ми и ќе си заминам. Без никаква отпремнина. Ако кажете дека сум ѓубре, ќе си одам. Ако Германскиот фудбалски сојуз каже дека не сум доволно добар, ќе си одам. Но, ако ја преминете границата и го допрете моето семејство, веднаш ќе поднесам оставка“, порача Клоп.

Сепак, искусниот тренер нагласи дека нема проблем со конструктивните критики кои се однесуваат на играта и резултатите.

„Критикувајте ме кога нешто не функционира. Подготвен сум да разговарам за тоа и да работам на подобрување. Зборувам само за работите што се случуваат на теренот“, додаде Клоп.

Тој истакна дека селекторската функција на Германија за него претставува еден од најголемите предизвици во кариерата.

„По оваа работа во репрезентацијата немам што повеќе да работам. Во идеален случај, ова е врвот на мојата кариера“, заклучи Клоп.