Парите пред фудбалот: Блесна на Мундијалот и направи неочекуван трансфер!
Според информациите на „Скај“, клубот од Саудиска Арабија ќе плати 55 милиони фунти, а дополнително може да исплати уште пет милиони преку бонуси.
Овој трансфер е трет најголем во историјата на лондонскиот клуб, по заминувањата на Деклан Рајс во Арсенал и Матеуш Фернандеш во Тотнем.
За 24-годишниот холандски крилен напаѓач интерес покажуваше и Рома, но нејзината понуда од 39 милиони фунти беше одбиена, исто така се споменуваше и Манчестер јунајтед кој сакаше прво да се ослободи од Рашфорд за да испрати конкретна понуда.
Вест Хем оваа сезона ќе игра во Чемпионшип, а само од двата трансфери летово, на Самервил и Фернандеш заработи повеќе од 150 милиони фунти.
Самервил минатата сезона одигра 34 натпревари за Вест Хем, постигна седум голови и забележа пет асистенции.
Тој настапи на сите четири натпревари за репрезентацијата на Холандија на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, каде постигна два гола и имаше две асистенции.