Ужас во Италија: Спортски новинар прво бил бруталено убиен, па запален!
Истрагата веднаш била започната поради сомнение за тешко убиство, а новите резултати од обдукцијата упатуваат дека станува збор за особено брутален злочин.
Еспозито беше долгогодишен спортски новинар и главен уредник на порталот „TuttoSalernitana.com“, специјализиран за следење на случувањата околу Салернитана, соработувал и со повеќе локални телевизиски и новинарски редакции.
Според информациите на италијанските медиуми, обдукцијата покажала дека Еспозито не починал од прострелни повреди ниту од последиците на пожарот. Како најверојатна причина за смртта се наведува задушување.
Се претпоставува дека палењето на телото и другите траги, меѓу кои и чаури пронајдени во близина, биле обид да се прикрие злосторството. Истражителите продолжуваат со дополнителни токсиколошки, генетски и хистолошки анализи за да се откријат сите детали од случајот.
Истрагата засега е насочена кон приватниот круг на познаници на Еспозито. Снимките од надзорните камери покажале дека новинарот пристигнал на местото каде подоцна било пронајдено неговото тело во друштво на уште едно лице.
Неговиот автомобил бил пронајден заклучен, со клучевите во неговиот џеб, што укажува дека веројатно на местото да пристигнал доброволно.