Македонскиот Престон казнет по „плачењето“ на грчката заедница во Австралија!
За време на натпреварот, членови на навивачката група „Престон Бојс“ истакнаа транспарент со натпис „Anti-Hellass“, заедно со македонските знамиња со сонцето од Кутлеш. Без разлика што станува збор за навивачки препукувања со користење на неофицијалното име на противничкиот клуб, претставниците на грчката заедница во Австралија од сето ова направија скандал.
Сега на оваа тема се огласи и извршниот директор на Фудбалската Федерација на Викторија кој ги осуди случувањата на дуелот и според информациите Престон Лајонс ќе биде казнет.
Федерацијата ќе го казни Престон со тоа што следните два натпревари на домашен терен тимот ќе мора да ги одигра без присуство на публика.
Исто така тие испратиле и сериозно предупредување пред финалето од Купот кое е закажано на 8 август за вакви инциденти да не се повторат.
„Овие постапки беа намерно насочени кон провокација, поделби и поттикнување тензии. Лицата кои стојат зад нив немаат место во нашиот спорт“, соопштија претходно од Федерацијата.