Официјално: Јирген Клоп е нов селектор на Германијa

Германската фудбалска репрезентација доби нов предводник. Јирген Клоп официјално ја презеде селекторската функција и по пауза повторно се враќа на тренерската работа, овојпат на клупата на националниот тим.

Искусниот германски стратег потпиша договор со кој ќе ја води Германија на Европското првенство 2028 година и на Светското првенство 2030 година. Ова ќе биде негов прв ангажман како селектор по долгата и успешна клупска кариера, во која најголем печат остави како тренер на Ливерпул.

Клоп со „црвените“ освои бројни трофеи, меѓу кои и титулата во Лигата на шампионите и шампионската круна во Премиер лигата, а сега пред него е нов предизвик – враќање на Германија на врвот на светскиот фудбал.

Германската јавност со големи очекувања го пречекува доаѓањето на еден од најценетите тренери во светот, кој треба да донесе нова енергија, победнички менталитет и јасна визија за иднината на „панцерите“.