Фудбалер на Вележ направи бизарен пенал – само ја крена топката со рака пред својот гол (ВИДЕО)
Клучниот момент се случи во 59. минута, кога фудбалерите на составот од Мостар направија аматерска грешка што ретко се гледа на европската сцена. По изведувањето гол-аут, голманот Рибиќ кратко му ја додаде топката на својот соиграч Омеровиќ. Сепак, дефанзивецот очигледно помисли дека токму тој треба да го изведе гол-аутот, па несвесно ја фати топката со раце во сопствениот шеснаесетник.
Главниот судија без двоумење покажа на белата точка, а подарокот го искористи Гагуа, кој сигурно реализираше за водство и, како што подоцна се покажа, за конечна победа на словачкиот тим.