Фудбалер кој одигра три меча на СП 2026 фатен како вози под дејство на – кокаин!
Дваесет и двегодишниот фудбалер на Сасуоло управувал БМВ возел со 109 километри на час на место каде што ограничувањето било 60 км/ч. По запирањето, полицајците направиле прелиминарен тест за дрога, кој покажал присуство на кокаин. Потоа му бил земен и втор примерок од плунка, испратен на лабораториска анализа, па истрагата сè уште е во тек. Засега против Волпато не е поднесено обвинение поврзано со наводната употреба на дрога, бидејќи првичниот резултат треба официјално да биде потврден.
Сепак, тој добил казна за пречекорување на брзината, а меѓународната возачка дозвола му е суспендирана на шест месеци, што значи дека во тој период нема да смее да управува возило во австралиската држава Нов Јужен Велс. Според полицијата, ова не било првото запирање истата вечер. Само два часа претходно, Волпато бил запрен на истото подрачје поради пребрзо возење. Тогаш алкотестот бил негативен, но и покрај добиената казна, неколку часа подоцна повторно бил фатен како вози со голема брзина.
Волпато е роден во Сиднеј и настапуваше за младинските репрезентации на Италија, но непосредно пред СП 2026 одлучи да ја прифати поканата на Австралија. На неодамна завршениот Мундијал забележа три настапи за „кенгурите“, а на клупски план го носи дресот на Сасуоло, откако претходно играше и за Рома.
ФОТО: X / @ALeagueHQ