Челси не штеди: Падна договор и за еден од најдобрите дефанзивци во Англија

Челси продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име кое пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ е Максенс Лакроа, еден од најдобрите стопери во англиската Премиер лига.

Дваесет и шестгодишниот Французин во изминатите две сезони блескаше во дресот на Кристал Палас, а Челси за неговиот трансфер ќе плати 61 милион евра.

Според информациите на познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, договорот е целосно постигнат, а Лакроа веќе се наоѓа во Лондон каде ги минува задолжителните лекарски прегледи.

Францускиот дефанзивец ќе потпише шестгодишен договор и ќе биде второто најскапо засилување на Челси во летниот преоден рок.

На врвот на листата е Морган Роџерс, за кого лондонскиот клуб издвои рекордни 138 милиони евра, додека зад Лакроа е десниот бек Марко Палестра, кој пристигна од Аталанта за 57 милиони евра.