Утре е денот: Клоп се враќа на клупата
Клоп по заминувањето од Ливерпул во 2024 година се повлече од секојдневното тренерско работење и прифати улога во Ред Бул како глобален шеф за фудбал. Сепак, желбата повторно да почувствува натпреварувачки адреналин очигледно била пресудна.
Според најавите, официјална потврда се очекува утре околу пладне, а германската фудбалска јавност со нетрпение го очекува враќањето на човекот кој со Борусија Дортмунд и Ливерпул освои бројни трофеи и остави огромна трага во светскиот фудбал.